Посна славска погача за Свети Јован…Традиционален рецепт

Подгответе го тестото кое ќе биде основа за вашата погача, како и украсите кои ја прават уште поубава. Овој едноставен рецепт дава совршен резултат, идеален за различни видови славски погачи, од едноставни до декоративни.

Тестото е меко и еластично, а украсите ќе додадат особено шармантен допир на секој од вашите погачи. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

Состојки за тестото:
400 мл топла осветена вода
10 г сув квасец
1 лажица шеќер
50 мл масло
1 лажица алкохолен оцет
1 и пол лажичка сол
750 г брашно

Состојки за тесто за декорација:

200 г брашно
40 г скроб/нишесте/густин
30 г сол
140 мл ладна вода

Од состојките замесете тесто, завиткајте го во фолија и оставете да одмори 30 минути пред да почнете со изработка на украсите, рачно или со модли.

За премачкување помешајте:

25 г брашно
60 мл ладна вода

Посната погача за празникот Свети Јован е едноставна, но со богат со вкус. Мирисот додека се пече и убавиот изглед на трпезата ќе бидат вистинска декорација на секоја празнична трпеза.

Пробајте го овој рецепт за совршена посна погача која ќе им донесе радост на вашите најблиски на овој посебен ден.

ПОСТАПКА:

Растворете ги квасецот и шеќерот со млака вода, па дпдајте масло и оцет. Со постепено додавање на брашно помешано со сол замесете средно меко тесто. Оставете покриено да ферментира 30 минути.

Калап 30 см обложете го со хартија, па премачкјате ја со путер или маргарин. Стасаното тесто поделете го на 6 топки. Првото тесто развлечете го и поставете го на дното, а преостанатите наредете ги внатре како топки, да се исполни просторот.

Покријте со крпа и оставете да ферментира 30-40 минути. Од тестото за украси направете 4 плетенки и поставете ги врз погачата. Премачкјате со растворот од вода и брашно (плетенките не!).

Печете во добро загреана рерна на 180 степени, 50-тина минути. По потреба на половина од печењето одозгора поставете парче алу-фолија за да не поцрни премногу.

По желба, извадете ја погачата, доредете уште украси и вратете во рерна уште 15-20 минути колку украсите да се исушат и погачата убаво да се испече. Постапката погледнете ја ОВДЕ: