Веројатно си мислите дека ништо не може да ја замени класичната сарма, сепак кога ќе ја пробате оваа посна сарма – ќе останете без текст, бидејќи многу е вкусна. Можеби не можете да ја замислите традиционалната сарма без месо и сланина.




Меѓутоа, во текот на Божиќниот пост мора да се прилагодиме, а особено за посните слави да се приготви посна сарма. Овој предлог кој ќе ви го понудиме, сигурни сме дека ќе ве воодушеви. Сармата има толку богат вкус, што воопшто нема да забележите дека нема месо.




Листовите од кисела зелка се полнат со фил кој се состои од ореви и ореви кои треба да се соединат со пропжан зеленчук. Ова е одличен предлог за ручек, но и за славската трпеза доколку го славите Свети Никола. Под овој рецепт имаме уште еден одличен рецепт за посна сарма. Еве што ви е потребно:




РЕЦЕПТ 1. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 главица кисела зелка, 2 моркови, 1 димена риба по вкус, 250 г ориз, 2 страка праз, 2 главици кромид, 1 поголем компир, 150 г мелени или сечкани ореви, зачини по желба




ПОСТАПКА: Се пропржува сечканиот кромид и праз, па се додаваат ренданиот морков, компирот и се динста уште малку додека да омекне зеленчукот и да испари течноста. За тоа време потопете го оризот во вода, исперете го и процедете го, па додајте го во тавата заедно со зеленчукот.




Динстајте околу 10 минути со постојано мешање и зачинете по вкус. Тргнете од шпорет, па додајте ги оревите и рибата што сте ја исецкале. Виткајте ги сармите, па наредете во огноотпорен или земјен сад.




Наредете одозгора листови зелка, па прелијте со вода во која сте додале малку лута зачинска пиперка. Печете под капак на 150 степени околу 4 часа. Пред крај кога сармата е доволно омекната, тргнете го капакот и малку запечете ја. Вториот рецепт е на Гага од Херцеговина:




„Вегетаријанството не го сфатив како лишyвање, туку како прилагодување… Па така, мојата омилена сарма ја прилагодив според мојот начин на исхрана, а верувајте ми, многумина кои јадат месо со сласт „cмачкyваат“ по 3-4 од моите сарми, одеднаш. Се разликуваат од вообичаените посни сарми според состојките, но вкусот и натаму им е гурмански…




РЕЦЕПТ 2. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 100 г праз или кромид, 2-3 лажици масло, 80 г интегрален ориз (може и обичен), 40 г микс од снегулки (овесни, јачменови, ‘ржани), 20 г соини снегулки/трошки (не мора), 1/2 лажичка црн пипер, 1/2 лажичка мелена зачинска црвена пиперка (може и лута), 1/2 лажичка сув зеленчуков зачин, сол по вкус.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА САРМА: 10 големи листови кисела зелка (или 20 мали), 2-3 ловорови листови, 2-3 мали лути пиперчиња, мелена зачинска пиперка по вкус, 50 мл масло, уште 2 листови за подлога и покривање на сармата, по потреба вода, димева црвена пиперка во прав.




ПОСТАПКА: На масло пропржете го исечканиот праз/кромид додека да омекне, па тргнете го од оган. Додајте испран ориз, снегулки, соја и зачини. По желба во филот додајте уште малку масло. Листовите од кисела зелка исперете ги под млаз ладна вода и отстранете го задебелениот дел, па секој лист поделете го на два дела, а ако се помали оставете ги цели.




На средината или при врвот на листот ставете лажичка од филот, па свиткајте ја сармата на вообичаен начин. Свитканите сарми редете ги во подлабок сад намастен со масло и на чие дно сме ставиле лист зелка. Одозгора сармите наросете ги со црвен пипер, додајте ловоров лист, лути пиперчиња по желба и покријте ги со лист кисела зелка.

Прелијте со масло и додајте вода колку да бидат сармите покриени (најдобро е чинија да ги потиснете одозгора за да бидат прекриени со водата). Гответе на умерена температура додека да зоврие, а потоа намалете и крчкајте ја сармата 3-4 часа.