Сите ваши сетила ќе бидат задоволени. Оваа салата можете да ја јадете и кога не постите.

Многу вкусна комбинација од сусам, туна, мајонез и лук. Посна верзија, но доколку не постите можете да ја направите со обичен мајонез.

Одлична е како прилог, но честопати се користи и како оброк салата. Уживајте во убавиот вкус.

Потребни состојки:

1,300 компири
200 г мајонез (посен или обичен, може и повеќе ако сакате покремаста варијанта)
100 г печен сусам
200 г туна од конзерва
1 китка магдонос
2 чешниња лук (може и во прав)
1-2 лажички сол (по вкус)
2 лажички оцет

Постапка:

Компирот сварете го во лушпа, па излупете го и исечкајте го коцкички. Сусамот суво пропржете го да замириса.

Измешајте мајонез, туна (заедно со маслото од конзервата), ренданото лукче, исечканиот магдонос, оцетот, посолете па измешајте со компирот.

Послужете веднаш, но најдобро е да отстои еден час и да се спојат вкусовите. Одозгора наросете сусам.