Home Посно јадење Посна проја со пиво, многу добар рецепт

Посна проја со пиво, многу добар рецепт

Еднаш кога ќе ја пробате, постојано ќе ја приготвувате на овој начин.

Потребни состојки: 4 чаша пченкарно брашно, 4 чаша пченично брашно, 1 прашок за печиво, 1-2 чаша масло, 3 чаша газирана вода, 1 чаша пиво, сол по вкус, 100 г маслинки и 2-3 лажици сусам + за наросување одозгора (може и семки по вкус).

Постапка: рерната веднаш вклучете ја на 200 степени да се загрева додека се приготвува тестото. Брашното просејте го заедно со прашокот за печиво и измешајте го со пченкарното брашно.

Додајте сол околу една лажица, две-три лажици сусам и ситно исечкани маслинки.

Во оваа смеса додајте една чаша масло, една чаша пиво и три чаши газирана вода. Убаво со лажица или шпатула промешајте ја смесата која по густина е полутечна.

Вака приготвената смеса излејте ја во огноотпорен сад обложен со хартија и ставете да се пече во загреаната рерна на 200 степени околу 40-45 минути. Печената проја оставете ја малку да излади, па исечете ја и послужете.

Сите детали околу постапката на приготвување можете да ги погледнете во видеото: