ПОСНО ЈАДЕЊЕ: Рецепт и видео прилог на Јелена од „Кај Баба На Гости” Бабина Кујна (Kod bake u gostima) – посни полнети пиперки. Многу добар рецепт за посни полнети пиперки, што кога еднаш ќе ги направите, постојано ќе ги приготвувате според истиот рецепт.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 12-15 пиперки (а може и суви), 200 г варен ориз (процеден), 150 г праз, 150 г рендан морков, 150 г рендан компир, сув зеленчуков зачин, црн пипер, 2-3 лажици ајвар, 200 мл доматен сос, 2 домати исечени на тркалца, 100 мл масло, 4 чешниња лук
ПОСТАПКА: Празот исчистете го и ситно исечкајте го, а потоа испржете го на малку масло додека да омекне (под капак), па додајте го ренданиот морков и промешајте. Продолжете со динстање на умерена температура со повремено промешување.
Откако и морковот ќе омекне, додајте го и ренданиот компир и ситно сечканиот лук. Промешајте и кратко издинстајте исто како и претходно. Во динстаната смеса додајте го претходно сварениот и процеден ориз, ајварот, зачините, црн пипер, па убаво промешајте за да се изедначат состојките.
Смесата кога е готова и изедначена, тргнете ја на страна малку да подизлади, додека ги подготвувате пиперките. Измијте ги, избришете ги и внимателно отстранете им ја дршката со семето, така да можат да се полнат, а делот со дршката да се искористи како капаче.
Со претходно приготвената смеса од ориз и зелнечук внимателно со помош на мало лажиче полнете ги исчистените пиперки и редете ги во плех обложен со хартија. Пиперките можете да ги засекувате и повеќе, надолжно, за полесно да ги полните пиперките.
Филот е превкусен и компактен па нема да се растура. Со овој фил може да се полнат и суви пиперки кои претходно сте ги потопиле во топла вода за да набубрат и да се хидрираат. Потоа само процедете ги и полнете ги со филот.
Откако сите пиперки ќе ги наполните и наредете во плехот кој претходно малку сте го намастиле. Можете да ги затворате со дршката или одозгора да ги дополнувате ги со сечени кругови од домати.
Полијте малку масло и доматен сос. Вака приготвени ставете ги во рерна загреана на 200 степени, 10 минути, а потоа намалете на 180 степени и печете ги околу 30 минути или додека да се потпечат убаво. Деталите можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.