Фото и рецепт: Марика Стаменковиќ
Оваа посна погача е мека како памук. Почнав да ја правам за Велигден, а сега ми ја бараат секоја недела.
Потребни состојки:
700 г брашно
2 лажички сол
1 лажиче шеќер
2 лажици масло
1 коцка свеж квасец
се замесува со млака вода
Постапка:
Од вкупната количина брашно се одвојува малку, се додава во сад со издробен свеж квасец и лажиче шеќер.
Се додава малку малку вода и се меша додека да се растопат квасецот и шеќерот, па се остава 10-тина минути тој да запени и да се активира.
Откако квасецот ќе ферментира, додадете го во преостанатото брашно, заедно со две лажици масло и две лажички сол, па постепено се додава млака вода и се меси додека да се добие мазно тесто.
Тестото се остава на топло за да се удвои, а потоа се развлекува со оклагија во кора. Се сечат ленти, а секоја лента се витка. Се сече на исти парчиња и според величината на тепсијата се редат хоризонтално, во два реда.
Во средината се редат исправено, како ружички. Вака формираната погача се премачкува со јајце и се наросува со сусам, па се пече во загреана рерна на 220 степени додека да зарумени. За посни слави се украсува по желба со фигури направени од брашно, квасец и вода, и се премачкува со маргарин.
Фото и рецепт: Марика Стаменковиќ