Питата е многу вкусна и едноставна за приготвување, а можете да ја правите по посна или масна варијанта, во зависност од тоа дали ќе користите путер или маргарин.
Чашата која ја користите за мерење на сувите состојки е од 200 мл. Целата постапка можете да ја погледнете во видеото под пишаниот рецепт.
Потребни состојки:
2 чаши брашно
2 чаши пченичен гриз
2 чаши шеќер
1 прашок за печиво
1 ванилин шеќер
за фил:
1-1,5 кг јаболка
1 ванилин шеќер
цимет по вкус
½ чаша шеќер
и уште ќе ви биде потребно: 150 г путер или маргарин
чашата што се користи за мерење е од 200 мл.
Постапка:
Сите состојки за тестото помешајте ги во еден сад (брашно, гриз, шеќер, прашок за печиво, ванилин шеќер), а потоа смесата поделете ја на три еднакви делови.
Јаболката измијте ги, излупете ги и исчистете ги од семки, па потоа изрендајте ги. Помешајте ги со шеќерот и ванилата, а цимет додајте по вкус. И оваа смеса, исто така поделете ја на два еднакви дела.
Тепсијата во која ќе го печете колачот намастете ја со путер или маргарин.
Потоа редете: суви состојки па фил, суви состојки – фил и завршете со суви состојки. Одозгора изрендајте путер или исечете го на тенки листови и распоредете го рамномерно.
Колачот печете во загреана рерна околу 45 минути на 180 степени. Сите детали околу подготовката можете да ги погледнете во видеото: