Потребни состојки:
1 кг компир
1 поголема главица кромид
2 лажички сол
100 г брашно или по потреба
100 мл масло
2 лажици маргарин
црн пипер
Постапка:
Загрејте ја рерната на 200 степени. Компирот излупете го, изрендајте го заедно со кромидот и посолете и зачинете.
Тепсијата бр.40 ставете ја во рерна да се загрее.
Исцедете го вишокот течност од компирот, па промешајте го со брашното.
Тепсијата намастете ја, излејте ја смесата внатре и прелијте со растопен маргарин и масло.
Печете 40-тина минути додека да зарумени.