Home погача Посна ПЧЕНКАРНА ПИТА мека како памук, за секаква пригода!

Посна ПЧЕНКАРНА ПИТА мека како памук, за секаква пригода!

ПЧЕНКАРНА ПОГАЧА МЕКА КАКО ОБЛАК – СО МОЖНОСТ ЗА ПОСНА ВАРИЈАНТА

Подгответе ја најмеката и највоздушна погача од мешавина на пченкарно и пченично брашно – идеална за појадок, ужинка или како топол домашен прилог покрај ручекот.

Едноставна е за подготовка, секогаш успева, а вкусот потсетува на старинска домашна кујна, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

Потребни состојки:

• 600 мл млака вода
• 40 г свеж квасец или 1 кесичка сув квасец
• 1 лажичка шеќер
• 1 лажица путер или маргарин (за посна варијанта користете маргарин)
• 350 г пченкарно брашно
• 1 лажичка сол
• 20 мл масло
• 500 г меко бело пченично брашно
• 1 лажица путер или маргарин за премачкување (по избор)
• Сусам и малку сол за наросување
• НМД

Постапка:

1. Во длабок сад сипете 600 мл млака вода, додајте го квасецот и шеќерот, па промешајте додека да се растворуваат.

2. Додајте 1 лажица омекнат путер или маргарин и повторно промешајте.

3. Додајте 350 г пченкарно брашно и измешајте додека да добиете густа, мазна смеса.

4. Додајте 1 лажичка сол и 20 мл масло, па кратко промешајте.

5. Постепено додавајте го белото брашно (500 г) и замесете меко, малку лепливо тесто – такво треба да биде.

6. Премачкајте го тестото со малку масло, покријте го со проѕирна фолија и со крпа, па оставете го околу 35 минути додека да го удвои волуменот.

7. Стасаното тесто наросете го со малку брашно и накратко премесете го.

8. Обложете тавче со хартија за печење и префрлете го тестото внатре. Исплескајте го со раце до саканата дебелина.

9. По површината распоредете околу 1 лажица омекнат путер или маргарин (по избор). Наросете малку сол и сусам.

10. Може да ја засечете погачата пред печење – на коцки, ромбови или по ваша желба.

11. Оставете ја уште 10–15 минути да одмори.
12. Печете во загреана рерна на 200°C додека да порумени и да добие убава златна боја.

Мека, миризлива и неодолива – оваа пченкарна погача е вистинско домашно богатство што носи топлина на секоја трпеза. Уживајте во секој залак! Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ: