Необична, но многу вкусна посна торта со мед. Оваа торта е одлична за период на пости, но вкусна и здрава е да се јаде и кога не постите. Изобилува со диетални влакна и нутриенти кои ќе ви дадат енергија за целиот ден. Имајте во предвид дека иако е здрава, сепак е калорична, можеби помалку од класичните торти со маргарини и масти, но сепак, треба да се воздржите и да не ја изедете цела одеднаш.
Потребни состојки: 150 г сварена пченица или друга житарица, 350 г ореви, 500 г шеќер (200 г+300 г), 375 г брашно, 250 г мед, 250 мл пиво, 2 ванилин шеќер, 1 кесичка сода бикарбона или прашок за печиво и малку мускатно оревче.
Постапка: Измешајте 250 г мед со 250 мл пиво и мешајте додека да се раствори. Потоа додадете 200 г шеќер и брашно помешано со сода бикарбона. Смесата добро измешајте ја додека да се изедначи, а потоа поделете ја на 4 еднакви еднакви делови.
Од секој дел испечете кора во калап за торти (~26 см). Калапот претходно намастете го и набрашнете го или обложете го со хартија, а корите печете во загреана рерна на 180 степени (проверете со чепкалка кога се готови).
За фил: Кратко сварете 300 г шеќер со чаша вода (200-250 мл). Сирупот тргнете го од рингла, додадете 300 г мелени ореви, 150 г претходно свареното и сомелено жито, 2 ванилин шеќери и малку рендано мускатно оревче.
Со топлиот фил премачкајте ги корите рамномерно, а со истиот фил премачкајате ја целата торта одозгора и од страните. Одозгора наросете со мелени и сечкани ореви и декорирајте со цели оревови јатки. Тортата е најдобро да преноќи во фрижидер и затоа, обично се приготвува еден ден пред послужување.
Posnajela.rs