Оваа посна е торта е сè што сте очекувале од една убава посна торта – целата е кремаста, сочна и нежна. Лесно се приготвува и нема некој поголем труд околу неа.

Потребни состојки:

400 г било каков џем
50 мл масло
350 г шеќер
350 мл вода
1 ванилин шеќер
1 прашок за печиво
350 г брашно +-
100 г ореви +-

за фил:

750 растително млеко (оризово, кокосово, бадемово, сојино)
8-9 лажици густин (или 4 пудинзи од ванила)
7 лажици шеќер
250 г маргарин
500 мл посна павлака или посен шлаг
200 г кандирано овошје, натопено во вода +-
100 г желе бонбони

за чоколадна глазура:

250 мл вода
2 полни лажици какао
50 г шеќер во прав

Постапка:

Плехот од рерна обложете го со хартија за печење. Во неа се пече една голема кора која се сече на половина за да се добијат две. Рерната вклучете ја да се грее на 180 степени.

Во длабок сад ставете 6 лажици џем (400 г), 6 лажици масло (50 мл) и промешајте додека да се соединат. Потоа додадете 350 мл вода, 350 г шеќер (или помалку ако џемот е сладок). Промешајте да се соединат, па додадете 100 г мелени ореви, еден ванилин шеќер и повторно промешајте.

Малку по малку додавајте 350 г брашно помешано со прашок за печиво (или по потреба). Смесата излејте ја во плехот и печете во загреана рерна на 180 степени.

Додека се пече кората и за тоа време се приготвува филот. Се вари крем од кокосово млеко и густин: Од 750 мл млеко одвојте малку млеко во кое ќе промешате 8 лажици густин и 7 лажици шеќер, па сварете исто како пудинг. Мешајте додека да згусне густиот крем.

Маргаринот пенасто изматете го и додадете го во изладениот крем и додадете неколку лажици од изматениот шлаг за да биде повоздушест. На крај додадете го кандираното овошје и сечканите желе бонбони. Промешајте да се изедначи.

За глазура исте состојки измешајте ги и на тивок оган растопете ги. Со врелата чоколадна глазура прелијте ги корите.

Филување: Врз првата кора нанесете половина од филот, па ставете ја втортата кора и втората половина од филот. На крај декорирајте по желба со шлаг и чоколадна глазура.

Целата постапка можете да ја погледнете во видеото: