Посна киндер торта…толку е вкусна што апсолутно никој не може да препознае дека е посна.. А, секој што ќе ја проба ќе ви го побара рецептот…Рецепт и фото на Верица Николиќ. Еве што ви е потребно:

Рецепт и фото на Верица Николиќ

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За кори (x2):
100 г мелени посни бисквити
50 г мелени (печени) лешници
100 г брашно
7 лажици шеќер
200 мл газирана вода
50 мл масло
1/2 кесичка прашок за печиво
50 г крупно сечкани лешници

ФИЛ 1:
1,5 литар млеко од соја со вкус на ванила
300 г шеќер или по вкус
4 кесички ванилин шеќер
220 г пудинг од ванила (во прав)
1 лажица скроб/нишесте/густин
250 г маргарин со вкус на ванила
100 г посно бело чоколадо
100 г растително млеко во прав (оризово, бадемово..)
100 г посно темно чоколадо
100 г крем-шлаг од соја
100 мл газирана вода

ФИЛ 2:
300 г посен шлаг
500 мл газирана (ладна) вода

И УШТЕ:
300 г посен бисквит (на парче)
100+100 г темно чоколадо
3+3 лажички масло
сок од портокал

Рецепт и фото на Верица Николиќ

ПОСТАПКА:

1. Кора: вклучете ја рерната да се загрева на 200 степени. Во сад за матење ставете мелен бисквит, мелени лешници, брашно, шеќер и прашок за печиво. Измешајте, па додајте масло и газирана вода. Убаво измешајте ги состојките со миксер.

2. Калап со димензии 35х25 см премачкајте го со масло, а долниот дел обложете го со хартија за печење. Врз хартијата рамномерно распоредете 50 г крупно сечкани лешници. Изматеното тесто прелијте го врз лешниците и израмнете го со лажица. Печете го околу 15 минути.

3. Печената кора извадете ја и оставете ја да се излади. Оладената кора свртете ја на работната маса и извадете ја хартијата за печење. На ист начин изматете и испечете уште една кора.

Искршете 100 г темно чоколадо на коцки, додајте 3 лажички масло и стопете на пареа (ако е потребно, додајте уште малку масло за да може убаво да се мачка чоколадото).

Врз печената кора (над лешниците) излејте ја растопената чоколада и оставете да се стегне. Направете го истото со другата кора.

4. Фил 1: одделете 400 мл млеко од соја, а остатокот заедно со 300 г шеќер и 4 кесички ванилин шеќер ставете да зоврие. Соединете ги пудингот и смесата и измешајте со одвоеното млеко.

Во зовриеното млеко истурете го изматениот пудинг и варете додека да се згусне со непрекинато мешање. Сварениот пудинг тргнете го од оган, покријте го со проѕирна фолија (фолијата ставете ја директно на пудингот) и оставете да се излади (да биде млак, а не целосно ладен).

Маргаринот пенасто изматете го и постепено додајте го во изладениот крем. Добро измешајте со миксер. Посебно изматете 100 г павлака од соја со 100 мл газирана вода, па додадете ја во филот. Изматете сè заедно за да добиете кремаста смеса.

5. Добиениот фил поделете го на 1/3 и 2/3 од филот. Во 1/3 додајте 100 г стопено бело чоколадо на пареа и 100 г растително млеко во прав. Добро измешајте со миксер.

Во 2/3 од филот додајте 100 г растопено темно чоколадо на пареа и убаво изматете. Поделете го филот од чоколадо на два еднакви дела.

6. Фил 2: убаво изматете го шлагот и газираната вода.

7. Склопување на тортата: на чинијата за торта ставете една кора со премачкана чоколада (која се стврднала) – половина од филот со чоколадо намачкајте преку целата површина – нанесете неколку лажици шлаг и рамномерно распоредете (погрижете се да имате доволно шлаг оставен да ја покрие целата торта).

Поклопете со втората кора со премачканата страна – ставете го целиот бел фил – шлаг – бисквити натопени во сок од портокал – втората половина од филот со чоколадо – покријте целата торта со остатокот од шлагот. Тортата можете да ја декорирате по желба.

8. Готовиот колач оставете го во фрижидер преку ноќ. Следниот ден исечете го и послужете го. Тортата е толку вкусна, што апсолутно никој не може да знае дека е посна. А, секој што ќе ја проба ќе ви го побара рецептот…

9. Ова е рецептот на мојата снаа. Идејата за рецептот ја видела на интернет (автор – Маја Черњев), со тоа што направила мали измени и добила торта со совршен вкус!!

Рецепт и фото на Верица Николиќ