ПОСНА ЧОРБА БЕЗ КАПКА МАСЛО…Наместо соја трошки можете да користите овесни или јачменови снегулки…Фото и рецепт: Маја Митиќ. ЕВЕ ШТО ВИ Е ПОТРЕБНО:

Потребни состојки:

2 поголеми компири
50 г непечен сончоглед (мелен)
50 г сусам (мелен)
100 г соја трошки / овесни снегулки
2 главици кромид
200 мл мелени домати од тегла
5-6 печени,издробени пиперки од фрижидер (може и суви)
2 лажици таан
1 мало лажиче чили во прав
сол по вкус

Зачини: вегета,кари,бибер,ловоров лист,магдонос,целер,мајоран,оригано

Постапка:

Сѐ одеднаш се става во тенџере се налева со вода, се покрива и се вари на тивко околу 1 час или додека се сварат компирите. / Фото и рецепт: Маја Митиќ

Зачинете по вкус, а густината на јадењето прилагодете ја исто така, по ваша желба.