Бајадерата е една од омилените славски колачи која може да се подготви на најразлични начини и со разни филови. Некои ја сакаат само со чоколадо, некои додаваат ореви и други јатки, а со вкусот може да експериментирате. Оваа посна бајадера со кокос е една од омилените славски колачи. Испробајте го рецептот на Ивана.

Баунти бајадерата без печење е готова за многу кратко време и со малку ладење е готова за послужување. Може да се сече и во коцки и во штангли, по ваша желба. Сигурна сум дека ќе уживате во ова слатко задоволство. За сите љубители на кокосот. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА ТЕМНИОТ ДЕЛ: 100 мл вода, 150 г шеќер, 125 г маргарин, 1 кесичка ванилин шеќер, 1 мала лажица какао, 300 г мелени, посни бисквити. ЗА СВЕТЛИОТ ДЕЛ: 100 мл вода, 150 г шеќер, 125 г маргарин, 1 кесичка ванилин шеќер, 50 г мелени, посни бисквити, 100 г кокосово брашно. ЗА ГЛАЗУРА: посно стопено чоколадо и кокос.




ПОСТАПКА: Оваа бајадера се подготвува од два филови, еден темен и еден светол. Најпрво подгответе го темниот фил. Двата филови се подготвуваат идентично со неколку разлики во состојките. Подгответе си едно тенџере и сипете 100 мл млака вода (половина шолја).




Додајте го шеќерот и половина од цел маргарин (останатата половина се чува за светлиот дел). Малку промешајте, па додајте го ванилиниот шеќер и ставете го тенџерето на рингла, вклучена на ниска температура, за сѐ да се растопи. Повремено промешувајте и внимавајте да не ви загори, затоа гответе на тивко.




Во меѓувреме, во друго тенџере подгответе ги состојките за светлиот дел. Сипете ја млаката вода, додајте го шеќерот, маргаринот, ванилиниот шеќер, па сѐ ставете на шпорет да се крчка. Кога во двете тенџериња, шеќерот и маргаринот ќе се растопат, тргнете ги од рингла, бидејќи не треба целосно да се зготват.




Ги оставаме филовите само 5 минути да се оладат. Подгответе си една тепсија која треба да биде малку подлабока, за бајадерата добро да се обликува. Величината на мојата тепсија е 26 см (може и 28), а ширината е помала. Обложете го плехот со хартија за печење, за при сечење на бајадерите, да не ја изгребете тепсијата.

Во едно од тенџерињата со растопените намирници додајте го какаото (просеано) и нежно измешајте со лажица или шпатула, да нема грутки. Потоа, во тенџерето додајте 300 г мелени кекси (плазма) и повторно изедначете во еднолична смеса. Смесата треба да стане малку погуста.




Доколку имате поголем калап за бајадерите, тогаш од едната страна малку поткренете ја хартијата за печење, околу 1/3, и на празниот простор ставете некој предмет за хартијата да биде издигната и да служи како бариера. На тој начин, ќе ја подготвите помала. Излејте го темниот дел во калапот и рамномерно изедначете преку целата површина.




Ставете го калапот во фрижидер за долниот бисквит малку да се стегне. Доволно е да отстои 10-тина минути. Во меѓувреме подгответе го белиот бисквит во кој треба да додадете мелени кекси и кокосово брашно. Измешајте, па распоредете го светлиот фил врз темниот во калапот. Иако смесите изгледаат потечни, дополнително ќе се стегнат при отстојување во фрижидер.




Оставете сѐ во фрижидер да се стегне на неколку часа или преку цела ноќ, па исечете ги бајадерите на штангли и по желба декорирајте ги со чоколадна глазура и наросете кокосови трошки. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете ОВДЕ.