Рецепт и видео прилог на: Cucina Facile Tashev : Баница (бурек со компир)

Потребни состојки:

450 г брашно
280 мл топла вода
1 ½ лажичка сол
30 мл масло

за фил:

700 г компири
малку масло
сол и црн пипер во прав, по вкус.

Постапка:

Во подлабок сад ставете брашно, наросете сол, па додадете ја млаката вода и маслото и замесете убаво мазно, меко тесто. Оставете го да одмори во намастен сад покриено со пластична кеса околу еден час на собна температура.

За тоа време компирите убаво измијте ги со ладна вода, излупете ги и исечкајте ги на ситни коцкички. Во малку загреано масло на тава запржете го сечканиот компир колку да омекне, посолете го и запиперете го по вкус.

Одмореното тесто поделете го 4 дела, па од секој дел формирајте топче и на малку набрашнета површина развлечете кора со големина на помала чинија. Корите намастувајте ги и редете ги една врз друга.

Врз работна површина покриена со чаршав развлекувајте ги корите со тегнење колку што можете потенко. Врз кората наросете пржен компир и малку масло. Со подигање на чаршавот свиткајте ја кората во ролна, а потоа како полжав ставете ја во средина од тепсијата (намастена).

Повторете ја постапката со останатите кори и надоврзувајте ги на првата кора, спирално. Вака приготвената баница печете ја во загреана рерна на 180 степени околу 35 минути или додека убаво да зарумени. Постапката можете да ја погледнете во видеото: