Фото и рецепт: Анита Стојановска

Потребни состојки:

500 мл вода

500 г шеќер

250 г маргарин

300 г мелени ореви

300 г мелени посни бисквити

100 г толчени ореви

1 чоколадо за готвење за смесата

1 чоколадо за готвење за глазура

+3-4 лажици масло за глазурата

Постапка:

Водата се зоврива со шеќерот и маргаринот, се трга на страна и се додаваат мелените и толчени ореви и мелените бисквити.

Смесата се дели на два дела, а во едниот дел се става едно растопено чоколадо, да се добие кафеав дел.

Тавчето се намастува и прво се реди кафеавиот дел, убаво се натапкува со раце да се израмни. Се става во фрижидер да стегне, па одозгора се става белата смеса и исто се израмнува.

Најодозгора се прелива со чоколадна глазура.

Фото и рецепт: Анита Стојановска