Дојде убавото време кога претежно го поминуваме надвор, изложени на сончевите зраци. Летно време треба да внимаваме на три најважни работи: хидратација на телото, заштита од сонцето и одмор, за да може телото да се исцелува и да се одржува здраво.
Најчести проблеми во летните месеци се болките во мускули и зглобовите поради зголемена физичка активност, како и сува кожа поради влијанието на ув зраците. Испробајте го домашниот лосион од магнезиум кој ќе ги реши сите ваши проблеми и тоа само со еден потег.
Како што ви е познато, магнезиумот е клучен минерал во човековото тело, кој е исклучително неопходен за сите клетки во телото за да можат правилно да функционираат.
Дури 300 хемиски процеси во организмот зависат од присуството на магнезиумот, што значи дека мора да го внесуваме во доволни количини секој ден.
Ова се само некои од функциите на магнезиумот во телото: го подобрува здравјето на коските, го регулира нивото на енергија, ја поттикнува апсорпцијата на витаминот Д, го забрзува заздравувањето на раните, ги ублажува раните, стимулира циркулација и го намалува ризикот од дијабетес.
Сепак, иако ова е многу важен минерал, поради неправилна исхрана многумина не го внесуваат доволно во организмот. Неговиот недостиг има сериозни последици по човековото здравје.
Освен преку исхрана, постои уште еден начин преку кој може да се внесе магнезиумот во организмот и тоа, преку кожата. На овој начин ќе го задоволите препорачаниот дневен внес, кој за жени изнесува 280-300 мг, а за мажи до 400 мг. За тоа ви е потребна само зовриена вода и магнезиум хлорид.
Потребни состојки: 3 лажици зовриена вода и ½ шолја магнезиум хлорид
Постапка: Измешајте ги состојките и нанесете на вашата кожа на болното место. Болките за многу кратко ќе исчезнат. Во оваа смеса може да додадете шеа путер или кокосово масло и ќе добиете одличен крем за нега на кожата.