Повеќето го знаат рецептот „Црнец без јајца“, а ова е трансформиран негов рецепт кој во последно време зачестено се споделува на социјалните мрежи.
Пробајте го и направете споредба со оригиналниот Црнец без јајца.
Потребни состојки:
3 чаши брашно (од јогурт)
50 г какао
1 кесичка прашок за печиво
2 чаши шеќер
2 чаши кисела вода (или соино млеко)
1 чаша масло
50 г насечкано црно посно чоколадо
1 кесичка ванилин шеќер
За прелив:
100 г црно посно чоколадо
Парченце маргарин
1 лажица кисела вода
1 лажица масло
Начин на приготвување:
1.Во еден сад измешајте ги сувите состојки, па додадете кисела вода и масло.
2.Измешајте да добиете компактна маса, па додадете сечкано чоколадо.
3.Печете во намастена тепсија (28), (може и во правоаголна ) на 190 степени околу 40 минути.
4.Колачот прелијте го со растопените наведени состојки.