ПОСЕН ОРИЗ: Многу е вкусен и кога ќе се олади…Рецепт и фотографии на Верица Николиќ. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
1 чаша од 180 г ориз (со долго зрно)
2 чаши ладна вода
100 г кромид
2 чешниња лук
100 г моркови
100 г печурки
100 г слатка пченка
60 г зелени маслинки
И уште:
1 лажичка сув билен зачин
1 лажица доматно пире
70 мл масло
1 лажица суво нане
1/2 китка сечкан магдонос
суви билни зачини и мелен пипер по вкус
ПОСТАПКА:
Исплакнете го оризот во неколку води (додека водата да остане чиста) и процедете го. Потоа ставете го оризот во соодветен сад, прелијте го со ладна вода, додајте една лажичка сув зачин и оставете да зоврие.
Кога водата ќе зоврие, намалете ја температурата, колку полека да крчка, поклопете го тенџерето и варете го оризот додека да омекне, околу 18 минути.
Кога оризот ќе омекне (дури и ако остане малку вода), тргнете го садот од оган и оставете го оризот настрана додека се приготвуваат останатите состојки.
Кромидот и лукот ситно исечкајте ги, морковот исечете го на коцки, печурките исечете ги на листови и маслинките на кругови. Сипете маслото во соодветен сад и оставете да се загрее.
Во загреаното масло додајте ги сечканиот кромид и морков и пржете додека да омекне зеленчукот. Потоа додајте ги печурките, лукот и слатката пченка. Промешајте и пржете додека да остане само малку вода од печурките.
Зачинете го зеленчукот со мелен пипер и суви билки по вкус. Додајте суво нане и сечкани маслинки. Промешајте. На крајот додајте го доматното пире, убаво измешајте, па додајте го оризот.
Убаво измешајте уште еднаш и оставете на тивок оган околу 2 минути. Ставете и послужете. Рецепт и фотографии на Верица Николиќ.