ПОСЕН КОЛАЧ СО ЏЕМ…Многу брз и вкусен, додека се пече се шири неодолив мирис, а децата нетрпеливо чекаат…
КОЛАЧ МЕДЕНО СРЦЕ…Мек, вкусен и воздушен, од рубриката на посни рецепти, готов за кратко време…
Ова е еден од најбрзите и најдобрите рецепти за медено срце кои ги имам испробано. Меденото срце може да се каже дека е најсочниот колач, кој е многу сличен на чоколадниот.
Мек е, вкусен и воздушен, кога ќе го направам целата куќа ми замирисува на него и дечињата со трчање доаѓаат во кујната и нестрпливо прашуваат кога ќе биде готов.
Многу е лесен за подготовка, а се прави од неколку состојки со мерки на чаша. Рецептот го најдов кај Ивана од „Шерпица Рецепти.“ Ивана посочува дека со една чаша ги мери сите состојки и не ѝ е потребна посебна дозерка.
„Користам ваква чаша, за чај, од 300 мл и со неа ги мерам сите состојки“, вели Ивана. Од колачот излегуваат многу штанглички кои се јадат во еден залак. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
1 чаша вода,
1/2 чаша шеќер (може и помалку),
2 чаши брашно,
1 лажица какао,
3 лажички цимет,
10 лажици од кој било џем,
100 мл масло (малку помалку од половина чаша),
1,5 лажичка сода бикарбона.
ЗА ФИЛОТ:
10 лажици џем/мармалад (најдобро ако имате полесен),
2 раце мелени ореви (опционално).
ЗА ГЛАЗУРА:
50-100 г растопено чоколадо,
3 лажици масло (количина од 50 г чоколада е сосема доволна, но може и повеќе),
1 ред бело чоколадо и
1 лажица масло.
Ако постите, користете посни чоколади. Плехот за печење е со димензии 30х25 см.
ПОСТАПКА:
КОЛАЧ МЕДЕНО СРЦЕ: Мек, вкусен и воздушен, од рубриката на посни рецепти, готов за брзо
Видеото погледнете го ОВДЕ: