Овој посен колач е толку добар, што штета е да не го направите. Се приготвува многу лесно и едноставно, а вкусот му е неодолив. Во рецептот не се користи никакво масло, па одличен е за сите оние кои постат на вода. Фотографија и рецепт на Сања Милојевиќ
Потребни состојки: 20 лажици брашно, 12 лажици кристал шеќер, 400 мл газирана вода, 4 лажици џем по ваш избор, 300 г малини (може и некои други бобинки, како малина, рибизла, вишна, аронија, боровинка, капина, шумски микс…), 1 прашок за печиво, 100 г мелени ореви, шеќер во прав за наросување
Постапка: Веднаш вклучете ја рерната да се загрева на 200 степени, затоа што таман ќе се загрее штом состојките ќе ги измешате и ќе го подготвите тестото за колачот. Во подлабок сад прво измешајте го шеќерот со џемот, па додајте ги мелените ореви (100 грама).
Потоа додајте го брашното помешано со прашок за печиво (ако имате сито, најдобро е да го просеете). Потоа започнете постепено и полека да ја додавата газираната вода, па мешајте додека да добиете изедначена смеса, мазна и брз грутчиња од брашното. Цело време се меша со лажица.
Во плехот со средна величина ставете хартија за печење, па излејте ја смесата и израмнете. Наредете ги малините (јас користев одмрзнати малини, а вие ако сакате ставете некое друго овошје по ваш избор). Ставете го колачот да се пече во загреана рерна, околу 35-40 минути.
Печениот колач извадете го од рерна, оставете го малку да подизлади, па со помош на н ож одвојте го од хартијата и одлепете ја, исечете го на коцки со големина по ваша желба и одозгора наросете го со шеќер во прав. / Фотографија и рецепт на Сања Милојевиќ
II РЕЦЕПТ Нема да забележите дека недостигаат млеко, јајца и масло – Вкусен и сочен посен колач, брз и евтин рецепт
Посен чоколаден колач за пост на вода, добар рецепт за едноставен и брз колач. Може да се прави и секојдневно бидејќи многу е вкусен и сочен, не се забележува дека во него нема масло, млеко и јајца. Споделете го рецептот со вашите пријатели.
Потребни состојки: 400 мл вода, 250 г брашно, 1 прашок за печиво, 3 полни лажици џем (јас користев од јагода, но може било кој), 100 г шеќер во прав. За прелив: 2 лажици какао во прав, 50 г шеќер, 100 мл вода, 1 ванилин шеќер
Постапка: Веднаш вклучете ја рерната на 200 степени, бидејќи многу брзо се приготвува колачот, па додека таа се загрева, вие веќе ги измешате состојките.
Во еден подлабок сад во кој ќе го приготвите тестото, ставете шеќер во прав, па додадете вода и добро промешајте за да се раствори шеќерот. Потоа додадете 3 полни лажици џем и повторно промешајте со лажица, за да може и тој да се раствори.
На крај во смесата постепено започнете да го додавате брашното и најпосле и прашокот за печиво. Не треба да користите воопшто миксер, бидејќи состојките многу добро се мешаат и со лажица или жица-маталка.
Добиената смеса излејте ја во некоја помала тепсија обложена со хартија, рамномерно распоредете и израмнете, па ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени, околу 20-30 минути (проверете со чепкалка кога е готова).
Користете некој помал калап кој го имате, димензиите не се важни, но за да ви биде повисок колачот, според количината на овие состојки потребен е некој помал плех или со средна величина.
За прелив: Во помало тенџерче ставете 2 лажици какао во прав, 50 г шеќер, 100 мл вода, 1 ванилин шеќер. Водата постепено додавајте ја во сувите состојки и мешајте за да се разбијат грутчињата. Ставете на оган и почекајте да зоврие.
Печениот колач извадете го од рерната и веднаш прелијте го со врелиот чоколаден сируп. Почекајте малку да го впие преливот. Одозгора наросете со кокос или мелени ореви или нешто по ваша желба. Оставете целосно да излади, па сечете го на коцки и послужете го.
Одлично одговара за со кафе или чај. Погоден е за било какви пригоди и одличен е за во период кога сте на пост на вода.