Многу лесно се приготвува и не одзема многу време. По желба можете да ставите и суво овошје.

Потребни состојки:

250 г корнфлекс
2 полни лажици мед
200 г маргарин (за непосна варијанта користете путер)
100 г чоколадо
100 г печен орев, сечкан
100 г печен лешник, сечкан

Постапка:

На тивок оган загрејте го медот за да се растопи. Ставете два преполни лажици и мешајте со дрвена лажица додека да запони и да се карамелизира.

Додадете го маргаринот и мешајте додека и тој да се растопи.

Додадете 100 г чоколадо и мешајте само додека да се растопи.

Тргнете од оган и додадете ги корнфлексот, оревите и лешниците и добро промешајте за да се изедначи.

Добиената смеса истурете ја во калап обложен со хартија за печење, и со помош на решеткаста лажица убаво притиснете одозгора за да добиете рамна плоча. Оставете да излади и да се стегне.

Потоа можете да сечете штангли.

Погледнете го видеото: