Овој посен колач без шеќер просто ќе го обожавате, бидејќи се подготвува за минута време, а неверојатно е вкусен.

Потребни состојки:

2 чаши од јогурт (180 г или 200 мл) гриз, 2 чаши брашно, 1 ½ филџан за кафе – масло, 1 кесичка сода бикарбона, 2 чаши вода (може газирана), 3 лажици џем по вкус, 2-3 лажици кокосово брашно.

Постапка:

Во подлабок сад измешајте со жица за матење по две чаши гриз и брашно. Додајте масло и убаво соединете.

Во смесата додајте сода бикарбона (или ако немате, ставете прашок за печиво), 2 чаши вода, 3 полни лажици џем и 2-3 лажици кокосово брашно, во зависност од густината.

Добро промешајте да добиете хомогена смеса, а потоа излејте ја во намастен и поросен со брашно плех (или тепсија) со средна големина.

Рерната загрејте ја на 200 степени, па ставете го колачот да се пече околу половина час. Проверете со чепкалка дали е печен.

Извадете го од рерна и оставете го да се олади. Потоа премачкјате го во тенок слој со џем и посипете го одозгора со кокосово брашно. Пред послужување исечете го на коцки.

Coolinarika.com