Фото и рецепт: Драган Страшеноски

Предлогот за овој вкусен крем кој може да послужи за филување на торти и декорација, го напиша почитуваниот Драган Страшеноски во групата НМД рецепти.

Инспирацијата за овој крем, како што вели тој, потекнува од денешната манипулација која се прави врз купувачите со “посните” производи. Еве што вели Драган:

Во посни денови, празнични и претпразнични пости, сите ние сме во потрага по намирници од растително потекло.

Неретко низ нашите маркети можеме да сретнеме производ со сомнително потекло, или на декларација да стои “посно” а во составот да има траги од млеко и јајца. Поради такви манипулации денес изведов еден шлаг за декорација на торта по принципот “направи сам”.

Потребни состојки:

350 грама посни бисквити
300 грама таан алва
250 грама маргарин
100 грама посна чоколада за готвење
150 грама шеќер во прав

Постапка:

Бисквитите се попаруваат со 200 милилитри жешка вода. Откако ќе се оладат, сè заедно се меша и се мати со миксер околу 15 минути. Резултатот се гледа на фотографијата

Фото и рецепт: Драган Страшеноски