Овој вкусен, излеан колач е нешто врвно. Вкусот е неодолив и целиот стан мириса прекрасно од него. Направете го во прва прилика кога ќе ви дојдат гости и послужете ги со овој миризлив колач кој совршено се комбинира со шолја кафе. Сите состојки веќе ги имате дома, потребно е само да измешате и да ги наредите. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА БИСКВИТОТ: 4 мали јајца или 3 големи, прстофат сол, 2 лажички ванилин шеќер, рендана кора од лимон (по избор), 150 г шеќер (четвртина чаша), половина шолја млеко (120 мл), половина шолја масло (120 мл), половина чаша јогурт (110 мл), 2 и пол чаши брашно (околу 350 г), 16 г прашок за печиво.




ЗА ФИЛОТ: 2 мали јаболка, излупени и исечени на мали коцки, 1 карамела во прав (опционално), мелени ореви, неколку житарки или корнфлекс со вкус на чоколадо може да се заменат со суво грозје или каков било вид бисквит, 2 лажици шеќер, 4 лажички карамел сос. Како мерка се користи чаша од 240 или 250 мл.




Дијаметарот на употребениот плех за печење/огноотпорен сад е 30 см. Рерната се вклучува да се загрее на 170/180 степени. Времето за печење е 40 минути, а вратичката се отвора во последните пет минути. Генерално, времетраењето се контролира од големината на употребениот калап, како и од типот на рерната. Откако целосно ќе се излади, декорирајте го колачот со шеќер во прав, течна карамела и мелени ореви.




ПОСТАПКА: Во еден подлабок сад скршете ги јајцата кои треба да бидат на собна температура. Јас ставив 4 јајца затоа што беа мали. Посолете, па додајте 2 лажички ванилин шеќер и 150 г обичен шеќер. Со миксер изедначете ги состојките додека да се формира фина и еднолична смеса. Шеќерот треба да се растопи, а јајцата да побелат и да го зголемат својот волумен.




Како арома може да додадете малку рендана кора од лимон и 1-2 лажички лимонов сок (наша препорака е да пробате со рум). Соединете сѐ, па додајте половина шолја млеко и масло. Измешајте, па додајте го јогуртот кој треба да биде поцврст, нешто слично како павлака или грчки јогурт. Соединете ја еднолично смесата со миксер.




На крајот започнете да го додавате просеаното брашно, заедно со прашокот за печиво, на неколку наврати. Најдобро е да додавате по малку од брашното и да соединувате со жица/маталка за смесата да не спласне. Откога ќе соедините сѐ во хомогена смеса, излупете и исчистете ги јаболката и исечкајте ги на ситни коцки.




Подгответе си еден огноотпорен сад со дијаметар од 30 см и намастете и набрашнете го на дното и од страните. Садот за печење треба да има ниски страни. Излејте повеќе од половина од смесата во садот и рамномерно распоредете со лажица или шпатула. Наредете половина од исечканите јаболка. Врз јаболката наросете од карамелот во прав, кој може да го купите во доброснабдените супермаркети, но и да не најдете, користете само готов карамел крем или направете си домашен.




По карамелот, наросете со неколку мелени ореви, плазма/мелени бисквити, суво грозје или корнфлекс со чоколадо (ситно сечкан), карамел крем, па повторете ја постапката уште еднаш, така што врз филот ќе ставите уште еден слој оф филот: сечканите јаболка, мелени ореви, плазма…

На крајот, покријте со преостанатата смеса која целосно се премачкува врз филот, за да го „затвори“. Печете во загреана рерна на 180 степени, околу 40-тина минути, додека колачот да фати коричка. По печењето оставете да се олади, па декорирајте со мелени ореви, карамел крем и шеќер во прав. Послужете на коцки. Деталите погледнете ги ОВДЕ.