Обожавателите на агруми сигурно забележале дека портокалите и мандарините кои се продаваат по продавници секогаш се спакувани во мрежи со црвена боја, освен ако не се извадени на куп.
Мерените од еден, два, три, пет или повеќе килограми, секогаш се пакувани во црвена мрежа. Зошто е одбрана токму црвената боја?
Тоа не е случајно така. Некој многу достелив човек од областа на маркетингот дошол до оваа импресивна идеја!
Имено, портокалите спакувани во црвени мрежи изгледаат позрели и посвежи и се попримамливи за купувачите, објаснува Мартин Линдсторм, автор на бестселерите „Buyology“ и „Randwashed – Tricks Companies Use to Manipulate Our Minds and Persuade Us to Buy“, кој во своите книги го споменува овој трик.
Исто така лимонот и грејпфрутот секогаш се спакувани во жолта и зелена мрежа затоа што во црвена амбалажа ќе изгледаат портокалови.
Оваа појава се нарекува Мункерова илузија која тврди дека мозокот различно ги процесуира боите во зависност од боите кои го опкружуваат. Во овој случај тоа значи дека мрежата во една боја влијае врз доживувањето на агрумот и неговата боја.
Линдсторм во своите книги објаснува дека корпите во продавниците со текот на времето стануваат сè поголеми, бидејќи на тој начин купувачите купуваат дури за 19% повеќе производи.