Бидејќи го јакне имунитетот до максимум, овој народен лек со причина го нарекуваат еликсир на здравјето.
Главната намена на еликсирот е лекување и превенција на затнатите артерии (артеросклероза), регулирање на зголемените маснотии во крвта, спречување на умор, лекување на инфекции и настинки, интензивно јакнење на имунолошкиот систем, чистење на црниот дроб.
Во народната медицина овој лек се користи одамна, па добро е да се потсетиме на него особено во периоди на инфекции. Овој еликсир го опоравува телото од глава до пети.
Потребни состојки:
4 поголеми главици лук
4 органски лимони со кора
1 помал свеж корен од ѓумбир
2 литри вода
Постапка:
Лимонот добро измијте го и исечете го на парчиња. Излупете го и исчистете го лукот, па заедно со лимонот и ѓумбирот сомелете ги во блендер или на машина за мелење месо.
Измиксајте добро додека да се соедини смесата. Потоа претурете ја смесата во тенџере и додадете 2 литри вода. Ставете на оган и откако ќе заоврие, по 2-3 минути исклучете го огнот и оставете на рингла да излади, поклопено.
Процедете го напитокот и чувајте во стаклени шишиња во фрижидер.
Употреба: Овој еликсир се пие секое утро по 200 мл најмалку два часа пред јадење, односно на празен стомак.
Циклусот на лекување трае три седмици со секојдневно консумирање по една чаша, по што потребно е да се направи пауза од една седмица.
Можете да го подобрите вкусот и да додадете малку мед. После три седмици ќе почувствувате значително подобрување.