Лекувањето на хронична кашлица, но и на бронхитисот отсекогаш биле проблематични, дури и за конвенционалната медицина. Секогаш останувале некои непријатни „опашки“ од прележаната болест, а неретко се случува истата и да се повтори.
За среќа, постојат бројни природни рецепти од народната медицина која сè уште ги паметат нашите баби и ги применуваат. Овој рецепт кој денес ќе ви го откриеме, содржи некои од најмоќните состојки, кои го cмируваат грлото и белите дробови, а можат да излечат кашлица и бронхитис за најкус можен рок.
Секако, секогаш претходно треба се консултирате со вашиот лекар, бидејќи секој случај посебно е различен. Генерално, овој рецепт е нашироко познат меѓу народот и често се користи, бидејќи се приготвува од вкусни и здрави состојки кои секојдневно ги конcyмираме, но не приготвени на начин на кој ќе прочитате подолу..
Благодарение на карактеристиките на медот и бананата, кои се главните состојки на овој рецепт, ќе можете да го давате овој природен лек не само на возрасните, туку и на децата. Во исто време, ќе го пиете лекот и ќе yживате во неговиот вкус! Со овој препарат ќе се ocлободите од бoлки во грлото, силна кашлица, дури и стомачни проблеми. Еве како да го подготвите:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 400 мл зовриена вода, 2 зрели банани со средна големина и 2 лажици мед. ПОСТАПКА: Најпрво излупете ја бананата и испасирајте ја со виљушка или во блендер, додека да добиете фино кремасто и мазно пире/каша.
Потоа ставете го пирето од банани во тенџере и додајте претходно зовриена вода. Промешајте убаво за да се растворат убаво бананите. Поклопете и оставете ја смесата да отстои 30 минути и да излади.
Кога смесата ќе се олади, додајте го медот. Смесата можете да ја процедите (а не мора), за оваа постапка одлучете сами, дали сакате да ја пиете како бистар или како густ сок. Важно е медот да се додаде на крајот, за да не ги изгуби сите важни лековити својства.
УПОТРЕБА: Се пие по 100 милилитри од овој напиток 4 пати на ден (вкупно 400 милилитри на ден). Количината дадена во рецептот е доволна за еден ден, а следното утро можете да подготвите свежа доза. Ќе почувствувате олеснување во рок од 3 дена.
А следниот рецепт е еден од омилените што го правеа нашите баби. Благодарение на природните состојки, не само што е едноставен и вкусен, туку и исклучително корисен: Домашен сируп против сува кашлица и бронхитис за деца и возрасни, прочитајте во продолжение:
Најдобар и повеќекратно докажан лек против бронхитис, сува и хронична кашлица кај деца и возрасни е – црна ротквица со мед. Тоа е рецепт што го правеа нашите баби. Благодарение на природните состојки, не само што е едноставен и вкусен, туку и исклучително корисен.
Овој природен лек е одличен експекторанс за болести на горниот pecпираторен тракт. Повеќето деца со задоволство го земаат овој сладок лек, честопати баpаат повеќе. Не предизвикува неcакани ефекти, а многу лесно се подготвува.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: црна ротквица (400-500г) и мед. ПОСТАПКА: Сирупот се подготвува навечер за следниот ден. Добро измијте ја ротквицата и исушете ја. Ако не е рамен, долниот дел исечете го малку за да седи рамно. Исечете го горниот дел како капаче, кој ќе ни треба подоцна.
Направете вдлабнатина во ротквицата, оставајќи ѕидови дебели околу 2 сантиметри. Додајте 2 лажици мед (за да наполните повеќе од половина од ротквицата) или 4 лажици шеќер (ако сте алергични на мед) во шуплината.
Поклопете со капакот – горниот отсечен врв. Оставете вака да отстои преку ноќ. За тоа време, во ротквицата ќе се појави лековит сируп, незаменлив во лекувањето на кашлицата. Овој сируп можете да започнете да го користите наутро. Сирупот против кашлица треба да се зема 4-5 пати на ден, неколку минути пред оброците.
Возрасни по 1 лажица, а деца по 1 лажичка, со консултација на лекар. Сирупот ќе го користите преку ден, па навечер во истата ротквица додајте мед, а следниот ден повторно земете го овој вкусен и лековит сируп. Само после два или три дена, можете да ја смените ротквицата. Со овој лековит сируп брзо се ocлободуваме од сувата и упорна кашлица.
Единствено што треба да внимаваат дијабетичарите и децата до една година, бидејќи поголема количина мед може да предизвика алергија. И покрај неговите лековити својства, постојат контpaиндикации за употреба: акутни заболувања на гастроинтестиналниот тракт, црниот дроб, жолчниот меур и бубрезите.