Одлични се за секаква пригода. Потребни состојки: 1 кг компир, 1 јајце, 1 лажица сол, 100 г кашкавал, 100 г мисиркина шунка, 2 лажици млеко, 20 г маргарин/путер и зелениот дел од млад кромид – листовите/перца. За похување: 1 јајце, 2 лажици млеко и трошки по потреба
Постапка: Кашкавалот и шунката исечкајте ги на ситни коцки, а исто така и перцата од зелениот кромид. Сварете го компирот, излупете го и додека е врел испасирајте го. Додадете малку путер, сол, две лажици млеко и промешајте.
Кога малку ќе излади додадете јајце, сечкана шунка, кашкавал и сечкани листови од кромид. Промешајте убаво за да се соедини смесата. Од оваа смеса правете топчиња со величина на пинг-понг топчиња или со величина по ваша желба.
За похување: Изматете јајце со две лажици млеко, па топчињата натопувајте ги прво во јајцето, а потоа во презлата па пржете (а може и презла-јајце-презла). Топчињата од компир се одличен додаток на јадењата, а исто така одлични се и како мезе.