ПОЛНЕТИ СМОКВИ
Потребно:
-суви смокви
-мед
-ореви
Подготовка:
Исечканите ореви се мешаат со медот. Смоквите ги засекувате и ги полните со оваа смеса. Ако сакате дополнителна енергија, посебно во зима и пролет, ова е одличен рецепт.
Смоквите се богати со витамини, минерали и влакна кои го подобруваат варењето, а високиот процент на јаглехидрати дава енергија.