Потребни состојки:

500 мл млеко

4 јајца

200-300 г брашно

Малку масло и сол

200 г сирење

200 мл јогурт

1 лажица павлака

Малку кашкавал

Малку млеко

Постапка:

Изматете 2 јајца, додадете половина млеко, малку масло, брашно, па измешајте добро за да нема грутчиња. Додадете го остатокот од млекото и добро изедначете да се добие поретко тесто. Печете не многу тенки палачинки.

 

Сирењето издробете го, додадете едно јајце и изедначете. Во секоја палачинка ставете по една лажица сирење, свиткајте ги да добиете четвороаголна форма и редете ги во подмачкан плех.

Изматете го последното јајце, додадете јогурт и малку млеко, измешајте и прелијте преку палачинките.

Одозгора изрендајте малку кашкавал. Печете на 200 степени околу 35 минути.