Рецептот е идеален за ровки кекси кои просто се топат во уста. За полнење ќе ви бидат потребни оние мали чоколадни јајценца или пак некои чоколатца по сопствен избор.
Од оваа количина излегуваат околу 25 кески, а според потребите можете да ги зголемите состојките во еднаков сооднос.
Потребни состојки:
170 г путер
100 г шеќер
1 прстофат сол
½ лажичка екстракт од ванила
1 јајце
225 г брашно
и уште:
приближно 25 чоколадни јајценца
шеќер во прав за наросување
Постапка:
Рерната вклучете ја да се загрева на 180 степени, а плехот од рерна обложете го со хартија за печење. Путерот кој претходно омекнал на собна температура, пенасто изматете го со миксер.
Додадете шеќер и сол и продолжете со миксање додека да се растопи шеќерот (може да ставите шеќер во прав, за побрзо), а потоа додадете го екстракт од ванила.
Додека матите постепено додаваје го брашното. На крај домесете го со рака, додека да добиете компактно тесто. Смесата можете малку да ја оставите во фрижидер да стегне, но може и веднаш да започнете со формирање на кексите.
Со лажичка црпете од смесата и формирајте топчиња со големина на орев. Малку спласкајте го, во средината ставете го чоколадното јајце, па повторно со прстите обликувајте го топчето.
Вака приготвените кекси редете ги во плехот на растојание одно од друго, бидејќи топчињата при печењето малку ќе се сплеснат и ќе се прошират.
Печете ги во загреаната рерна околу 15 минути, но внимавајте, не смеат да потемнат, па затоа зависи од самата рерна колку ќе се печат. Одозгора можете да ги наросите со шеќер во прав или додека се топли цели да ги валкате.
Coolibarika.com