Феноменална полнета проја, предобар рецепт – ваква проја сè уште не сте пробале!

Потребни состојки: 2 чаши (од 200 мл) пченкарно брашно, 1 чаша гриз, 50 мл масло, ½ прашок за печиво, малку квасец (1/2 лажичка), околу 300 г меко сирење, 200 г сув врат малку пропржен (или шунка), 3 јајца, газирана вода (малку, околу 50-100 – тина мл), 1 китка блитва обарена, сол

Постапка: Блитвата обарете ја, исечкајте ја и посолете ја. Во една чинија измешајте пченкарно брашно и гриз, па посолете. Додадете изматени јајца со виљушка и 100 г издробено сирење. Во смесата додадете масло, квасец и прашок за печиво, па постепено додавајте газирана вода.

Промешајте, смесата треба да биде кашеста како за палачинки, малку погуста. Измешајте го остатокот од сирењето и блитвата, а сувиот врат малку испржете го на масло од двете страни. Плехот намастете го и ставете хартија за печење. Користете некој со помали димензии или калап за торта.

Истурете третина од смесата со јајца и брашно и распоредете. Потоа наредете парчиња сув врат и прелијте ги одозгора со третина од смесата и убаво распоредете. Одозгора рамномерно распоредете ја блитвата со сирењето и израмнете.

Одозгора нанесете го остатокот од смесата и убаво израмнете. Одозгора наросете сусам или семки по вкус и ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени околу 30-40 степени. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото: