На овој начин се искористува стариот леб и за многу кратко време се приготвува многу вкусно јадење.
Овој рецепт го правеше мајка ми и тоа се првите топли сендвичи кои ги памтам и сè уште ми се најдраги. Заборавете на тостовите, ова е права работа!
Потребни состојки: 2-3 дена стар леб, парчиња колку што собира во плехот, 1 јајце
150 г шунка, малку магдонос по желба, 100 г кашкавал или сирење, 1 мала чаша јогурт, 1 лажица кисела павлака по желба, 1 лажичка сув зачин (вегета), малку сол, оригано, сув магдонос, малку млеко млеко за лебот (половина длабока чинија за супа)
Постапка: 1.Вклучете ја рерната да се загрева на 200 степени. Измешајте ги сите состојки освен млекото.
2.Намастете го плехот и парчињата леб од едната страна малку натопете ги во млекото. Таа половина ставете ја од долната страна.
3.За фил: измешајте ги сите состојки. Филот можете да го приготвувате и по сопствен вкус. Нанесете го рамномерно врз сите парчиња.
4.Лепчињата ставете ги да се печат во загреаната рерна 10-тина минути, додека јајцата да се испечат.
5.Послужување: најдобри се да се јадат додека се топли, иако и ладни се убави. Со јогурт за вечера или појадок, а може да се послужат и како прилог со мешунки, тиквички и слично. Не морам да нагласувам дека исчезнуваат за 15 минути.
Coolinarika.com