Потребни состојки:

2 средни тиквички

4 јајца

150 г пармезан

3 лажици сусам

5 лажици презла

3 лажици брашно

Сол, масло (2 лажици за една тепсија тиквички)

Постапка:

Тиквичките добро измијте ги и исечкајте ги на тркалца или на ленти. Посолете ги и оставете ги да ја испуштат течноста, па процедете.

Измешајте брашно, презла, пармезан, сусам. Посебно изматете јајца и посолете.

Секоја тиквичка натопете ја во јајца, во мешавината со сусам, па повторно во јајца и уште еднаш во мешавината.

Тиквичките редете ги на хартија за печење, врз секоја ставете капка масло па печете во загреана рерна на 200 степени околу 20-25 минути. Уживајте додека се топли но и изладени се супер.

Видео:

Извор: Креатива бокс