ПОХУВАНИ ПОЛНЕТИ ПИПЕРКИ со кашкавал и сувомеснато, двапати ги правев во еден ден. Неодамна на сопругот му текна да не похуваме тиквички, туку наместо тоа да ги испохуваме пиперките кои ги имавме во голема залиха.
На почетокот се двоумев, не знаев како ќе излезат, ама верувајте откога ги пробавме не сме престанале да ги јадеме. Ги полниме со кашкавал, сирење, сувомеснато, што ќе ни се најде дома, а толку многу се вкусни – прсти да излижеш.
Од оваа количина излегуваат 8 похувани пиперки за 2 особи. Потребни состојки: 8 црвени меснати пиперки, 8 парчиња димена шунка, 8 парчиња сув бифтек (опционално), 8 парчиња ајдамер кашкавал, 8 парчиња зденка, брашно, јајца, презла и масло за похување.
Постапка: Испечете ги пиперките и излупете ги, внимавајте само да не ги распаднете. Исечете суво месо, шунка и сирење на парчиња, неколку зденки по желба. Пополнете ја секоја пиперка со кашкавал, зденка, шунка по избор, па премачкајте ги со јајце, брашно и презла (малку посолена). Вака пржете ги пиперките додека да заруменат.
II РЕЦЕПТ. Потребни состојки: 6 големи пиперки, 200 г сирење / кашкавал кој лесно се топи, 2 јајца, 50 – 100 г брашно, 50 г лебни трошки, 30 г рендан пармезан, масло за пржење и сол, црн пипер, вегета, вегетаријански микс за зачинување.
Измијте ги пиперките и испечете ги на скара или рингла и оставете ги во затворен сад да испарат за полесно да се излупат. Пиперките излупете ги и извадете им ги семките. (Обично ги оставам преку ноќ во фрижидер во цедалка, која ја ставам преку подлабок сад, за цедалката да не го допре дното на садот).
Исечете го сирењето / кашкавалот на 6 парчиња. Во зависност од тоа колку пиперки подготвувате толку парчиња сечете за филување.
Отворете ја секоја пиперка, потоа ставете парче сирење кое претходно сте го завиткале со шунка и завиткајте ја црвената пиперка како кога правите сарма. Истата постапка применета ја и за другите пиперки.
Во плитка чинија изматете ги јајцата со малку сол. Ставете брашно во друга плитка чинија. Ставете ги двата вида трошки во третата поплитка чинија (лебните трошки даваат многу убав крцкав вкус), додадете свежо рендан пармезан и сите зачини по ваш вкус и сето тоа добро соединете го.
Секоја подготвена пиперка превртете ја неколку пати прво во брашно, потоа во јајца и на крај во лебните трошки. Похувајте ги сите пиперки на овој начин и ставете ги на чинија.
Во тавче загрејте го маслото. Ставете ги пиперките во врело, не премногу жешко масло и пржете ги само додека да од едната страна, потоа внимателно свртете ги на другата страна и пржете ги на истиот начин.
Извадете ги полнетите пиперки на на чинија на која сте ставиле неколку кујнски хартии за да го исцедите вишокот маснотии. Послужете ги топли, но подеднакво се добри и кога се ладни.