Home закуска Похуван модар патлиџан, превкусно, мора да го пробате овој рецепт

Похуван модар патлиџан, превкусно, мора да го пробате овој рецепт

Похуван модар патлиџан, превкусно, мора да го пробате овој рецепт…Вкусни и крцкави.

Потребни состојки:

2 модри патлиџани
1 прстофат сол
400 мл млеко
50 г рендан кашкавал
1 лажичка лук во прав
60 г ситно мелени лебни трошки (презла)
брашно за валање
2 јајца

Постапка:

Модрите патлиџани исечете ги на тенки кругови. Ставете ги во еден сад и посолете ги со малку сол. Потоа прелијте ги со 400 мл млеко.

Оставете ги 10-15 минути а потоа процедете ги. Изрендајте ситно 50 г кашкавал, додајте една лажичка лук во прав и 60 г лебни трошки. Добро промешјте за да се изедначат.

Во една чинија ставете брашно, а во друга изматете две јајца со виљушка. Секое тркалце модар патлиџан прво валајте го во брашното, па во матените јајца и најпосле во мешавината со лебни трошки и рендан кашкавал.

Вака панираните парчиња спуштајте ги во умерено врело масло и пржете ги од двете страни додека да заруменат. Вадете ги во чинија обложена со хартиена салветка, а одозгора посипете ги со ситно сечкан власец.