ПОГАЧА ЗА ПОЧЕТНИЦИ: Толку е вкусна што ја печам 5 пати неделно и ја јадеме секој ден!Здраво, јас сум Ела. Денес ќе ви покажав како можат да се направи многу вкусна погача со сирење, дури и ако сте почетници во кујната.

Вкусот не можам да ви го доловам со зборови, морате да пробате. Состојките кои се потребни сигурно веќе ги имате дома, само треба да го следите објаснувањето или да го погледнете видеото на линкот подолу во текстот. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

300 г брашно
4 г сув квасец
30 г шеќер
1 мала лажичка сол
топло млеко по потреба (приближно 200 мл)
2 лажици масло/путер + за премачкување на корите
крем сирење/млада урда за фил или по избор

ПОСТАПКА:

Во подлабок сад измешајте го брашното, квасецот, шеќерот и солта и со постепено додавање на топлото млеко замесете тесто. Кога ќе добиете компектно тесто исвадете го на работна површина и домесете го.

Треба да се меси со развлекување и тегнење врз површината за да стане еластично. на половина од месењето додајте една лажичка масло или путер и месете за да се инкорпорира. А потоа истото повторете го при крај.

Прочитајте и: „НОВА КОРНЕТ ПОГАЧА: Толку е вкусна што ја правам 2-5 пати неделно и сакаме да ја јадеме секој ден! Рецептот на баба ми!- ОВДЕ.

Со месењето завршете кога тоа ќе стане мазно и еластично, а кога ќе го повлечете со прстите тоа се тегне како гума за џвакање и не се тегне. Техниката за месење е многу лесна и секој може да ја научи.

Тестото обликувајте го во топка, покријте го и оставете го половина час да ферментира на топло место. Потоа размесете го за да се избие воздухот од него и поделете го на четири дела. Обликувајте топчиња и покријте ги.

Работната површина малку намастете ја, па земете едно топче и со оглагија развлечете го најтенко што можете. Зелете една голема плитка чинија или капак од тенџере, поклопете го врз кората и исечете правилен круг.

Остатоците од тестото соединете ги и сочувајте ги за подоцна. Целата кора премачкајте ја со растопен путер и преклопете ја на половина. Спојте ги краевите. На двата спротивни краја ставете по една лажичка фил.

Поклопете го филот со тестото, така да направите корнет и продолжете со виткањето од двете страни додека да се соединат на средина. Постапката повторете ја со другите теста, а конусните „двојки“ наредете ги во тепсија како цвет.

Во средина ставете топче од вишкот теста кои ги претходно ги отсековте од корите. Покријте ја погачата и оставете ја на топло место да стасува еден час. Потоа премачкјате ја со изматена жолчка во која сте додале една лажичка млеко.

Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени приближно половина час или додека да зарумени. Ужувајте во прекрасниот вкус. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.