ПОГАЧА-ЧУДО НЕВИДЕНО – Најмека, највкусна, наједноставна полжав-погача досега…Ќе ве воодушеви и со изгледот, но и со вкусот…Можете да ја филувате со компир, мелено месо или сирење. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (мала чаша од 125 мл, тепсија 35 см):

За тесто:
2 белки
1 чаша млеко
1 чаша топла вода
2 лажици цврст јогурт/к.млеко/к.павлака
1/2 чаша масло
1/2 коцка свеж квасец
3 лажички шеќер
1 лажичка сол
9 чаши брашно +-
75 г омекнат путер

За фил:
200 г сирење/урда
магдонос

За премачкување:
2 жолчки
1 лажица млеко
Се пече на 190 степени, 40-45 минути

ПОСТАПКА:

1.Во подлабок сад помешајте 1 чаша млеко, 1/2 чаша масло и 1 чаша топла вода. Додајте две белки, 2 лажици јогурт и изронете 1/2 коцка свеж квасец. Потоа сипете 3 лажички шеќер и една лажичка сол, па сето добро измешајте го да се раствори.

2.Во течните состојки започнете постепено да го додавате брашното. Кога ќе добиете компактно тесто додајте го омекнатиот путер, па убаво со рака замесете меко и еластично тесто кое се одвојува од ѕидовите на садот.

3.Покријте го и оставете да ферментира и да го зголеми волуменот, приближно 1 час.

4.Стасаното тесто истресете го на набрашнета површина и издолжете го со рацете во долга векна, па сплескајте го и дополнително со оклагија развлечете долга и тенка, правоаголна кора (долга приближно 15-17 см, тенка 1 мм).

5.Од едната страна засечете тенки линии со широчина приближно 1-1.5 см, а од другата страна распоредете го филот.

6.Започнете со виткање на ролат од страната на филот. Добро затворете го, па преклопете со сечениот дел.

7.Ролатот пренесете го во тепсија обложена со хартија за печење во вид на спирала-полжав. Оставете простор помеѓу, затоа што погачата ќе го зголеми волуменот најмалку за трипати.

8.Погачата покријте ја и оставете ја на топло да ферментита и стасува, приближно половина час. Во двете жолчки сипете една лажица млеко, промешајте и премачкајте ја стасаната погача.

9.Ставете ја во претходно загреана рерна на 190 степени и печете ја 35-40 минути. Печената погача оставете ја да се олади на решетка. Постапката погледнете ја ОВДЕ.