Фото и рецепт: Виолета Стојанова
Немав кисела зелка, ама затоа ставив лимонтос и едно шише расолница.
Потребни состојки:
1 кисела зелка (до 2 кг) или свежа зелка + лимонтус и околу 1 – 2 литри расолница.
2 страка праз (или главица кромид)
5 суви пиперки
1 голем морков
2 чешниња лук
150 мл свинска маст (една полна лажица + малку масло)
1 поголема димена подлактица или коленица (или свинско месо и свинска сланина)
црн пипер
лаворов лист по желба
Подготовка:
Дименото месо се мие, се засекува и се вари во експрес лонец.
Исечете ја зелката ситно и процедете ја.
Загрејте ја маста со малку масло, па на неа издинстајте ги ситно сечканиот праз, зелката, пет суви пиперки, еден поголем морков исечен на тркалца и лукчињата.
Се пржи убаво додека да омекне, па му се додава црвен пипер, лимонтус, сол, црн пипер, по желба ловоров лист и се залева со расолница да проврие.
Месото се чисти од коската и се сече.
Потоа додадете ги месото што претходно го исечкавте и динстате сè заедно 20-ина минути. Ставете сè во земјен сад и печете во загреана рерна на 200 степени.
Фото и рецепт: Виолета Стојанова