Фото и рецепт: Тина Мучева
Потребни состојки:
10 кг пиперки (исчистени од семе)
19 чаши вода
1 чаша есенција
1 чаша масло
1 чаша сол
1 чаша шеќер
1 кесенце црн пипер во зрно
10 ловоровови листови +-
Мерката е чаша од 250 мл
Постапка:
Сите состојки освен пиперките се ставаат во поголемо тенџере на оган да зоврие.
Откако ќе зоврие, се ставаат исчистените пиперки, најмногу до 1 минута, па се вадат во еден поголем сад.
Додека се млаки пиперките се редат во тегли и меѓу нив се става сечкано лукче и магдонос, се полеваат со изладената течност… се затвораат и спремни за зимата.