🔥 Пита со јаболка и ореви – посочна од баклава и се топи во уста! 🍎🥮
Оваа пита со јаболка и ореви е вистински десерт за љубителите на сочни и богати слатки.
Со совршено избалансиран фил, крцкави кори и мирисен шербет, овој рецепт често се споредува со баклава – а многумина тврдат дека е и подобра.
Идеална е за празници, семејни собири или кога сакате десерт што „се добива многу“, а остава силен впечаток, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
📝 Потребни состојки
За питата:
• 500 г кори за баклава
• 200 г путер
• 50 мл масло
За филот:
• 6 јајца
• 6 лажици шеќер
• 1 ванилин шеќер
• 6 лажици брашно
• 6 г прашок за печиво (½ кесичка)
• 1.300 г јаболка, излупени и изрендани
• 400 г крупно мелени ореви
За шербетот:
• 800 г шеќер
• 900 мл вода
• 1 ванилин шеќер
• 1 лажица свежо цеден сок од лимон
• НМД


👩🍳 Постапка
Подготовка на шербетот
Во тенџере ставете 900 мл вода и 800 г шеќер. Ставете на оган и мешајте додека да зоврие. Додајте ванилин шеќер и сок од лимон, намалете ја температурата и варете уште 10 минути. Тргнете од оган и оставете целосно да се олади.
Подготовка на филот
Јаболката излупете ги, изрендајте ги и оставете ги настрана да пуштат сок. Потоа добро исцедете ги.
Јајцата одвојте ги. Белките изматете ги во цврст снег.
Во жолчките додајте шеќер и ванилин шеќер и матете со миксер додека смесата стане светла и кремаста.
Додајте брашно и прашок за печиво, па кратко изматете.
Постепено додајте ги изматените белки и нежно соединете.
На крај додајте ги исцедените јаболка и крупно мелените ореви. Промешајте со лажица додека да добиете изедначен фил.
Обликување на питата
Путерот растопете го и измешајте го со маслото.
Плех со димензии 40 × 30 см намачкајте го со дел од маснотијата.
Земете една кора, премачкајте ја со маснотија, поклопете со втора кора и повторно премачкајте, па ставете и трета кора.
На едниот крај распоредете дел од филот и внимателно свиткајте во ролат. Постапката повторете ја додека да добиете 5 големи ролати.
Ролатите наредете ги во плех, засечете ги на триаголници или парчиња по желба и премачкајте ги со остатокот од маснотијата. За да не се подигаат горните кори, лесно премачкајте со малку млака вода.
Печење и залевање
Печете во загреана рерна на 170°C, околу 60 минути, додека убаво да порумени.
Жешката пита полека залијте ја со ладниот шербет. Покријте и оставете да се олади на собна температура, а потоа ставете ја во фрижидер – таму станува уште повкусна. Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:





































