Постои одлична процедура која е алтернатива на скапата пластична хирургија. Оваа чудесна маска за затегнување на лицето, во состојба е да избрише од лицето неколку години.
Веќе после првото нанесување, ќе го почувствувате нејзиниот импресивен ефект. Оваа маска ќе стане алтернатива на многубројни козметички третмани во салоните за убавина.
Покрај тоа што е економична, нејзиниот ефект е еквивалентен на славниот ботокс. Маската е целосно природна, а всушност, ја затегнува кожата и подобро од ботокс.
Потребни состојки:
1 белка од јајце
½ лажичка лимонов сок
½ лажичка кокосово масло
Постапка:
Од јајце со средна величина одвојте ја белката и изматете ја до создавање на густа пена. Потоа додадете лимонов сок и кокосово масло, па повторно промешајте.
Маската нанесете ја на чисто лице и оставете да делува 10-15 минути. Кога маската ќе се исуши, исплакнете со топла вода, или со чај од камилица.
За постигнување на оптимален резултат, доволно е да се применува оваа маска двапати седмично.
Користете го кокосовото масло наместо ноќни креми, бидејќи тоа е најдобриот начин да го спречите предвременото стареење на кожата. Многу мала количина од ова чудесно масло во состојба е да ја подмладува кожата, да го изедначува тенот, а лицето да го направи поубаво.