Home Десерти Подготовка на НАЈЕВТИНИОТ КОЛАЧ…Стар рецепт со мерки на чаша…Вкусно, за секој ден

Подготовка на НАЈЕВТИНИОТ КОЛАЧ…Стар рецепт со мерки на чаша…Вкусно, за секој ден

Подготовка на НАЈЕВТИНИОТ КОЛАЧ…Стар рецепт со мерки на чаша…Вкусно, за секој ден. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (чаша од 200 мл, калап 24х32 см):

2 јајца
1 чаша шеќер
1 чаша млеко
1/2 чаша масло
2 чаши брашно
1 кесичка прашок за печиво
1 кесичка ванилин шеќер
1 лажица какао во прав

ПОСТАПКА:

1.Со жица изматете ги јајцата и шеќерот, па додајте масло и млеко, па повторно соединете. Потоа додајте брашно, ванила и прашок за печиво и сето изедначете го со смесата, да нема грутчиња.

2.Половина од смесата излејте ја во намастен (и набрашнет) калап, а во остатокот додајте го какаото и промешајте за да се изедначи.

3.Распоредете ја кафеавата смеса во светлата и ставете да пече во загреана рерна на 200 степени, 30 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.