Цистите на дојка се многу честа појава, а една од главните причини за нивна појава е се поголемиот стрес на кој секојдневно сме изложени. Со помош на овој природен лек полесно ќе се изборите и ќе ги елиминирате цистите.

МЕД И ЧУВАРКУЌА КАКО ЛЕК

Потребни состојки:

500 г лист од чуваркуќа

1 кг мед

Постапка:

Листовите од чуваркуќа сомелете ги на машина за мелење или во блендер. Во поголем пластичен сад префрлете ги заедно со медот. Смесата добро промешајте ја со дрвена или пластична лажица.

Во поголема тегла складирајте ја смесата и добро затворете ја. Целата тегла обложете ја со алуминиумска фолија, за да нема допир со светлина. Оставете пет дена во фрижидер.

Консумирајте 6 дена на празен стомак, по две пластични лажички, а во следните 20 минути ништо не јадете, испијте само малку вода.