По долго пребарување, го најдов најдобриот рецепт за чоколадни мафини – сите го обожаваме…Брз десерт за секој ден…

Можам да потврдам дека овој рецепт е еден од најдобрите што сум ги испробала досега. Сочно, меко и следниот ден вкусно!“, вели „Емилина Кухиња“. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

180 г брашно (пченично бело Т 400)
180 г шеќер
150 мл млеко
150 мл течен јогурт
50 мл масло
20 г гриз
20 г какао во прав
1 ванилин шеќер 10 г
1 прашок за печиво 12 г
1 јајце
150 г Милка чоколадо со бисквити Орео или по избор

Од оваа смеса ќе добиете 12 мафини.

ПОСТАПКА:

1.Гризот варете го во млекото 2-3 минути додека да згусне, па сипете го во друг сад за да се олади. Додајте јајце и соединете со жица. Потоа додајте масло, јогурт, шеќер и ванила, па повторно промешајте.

2.Додајте просеано брашно, какао и прашок за печиво. Соединете со жица да нема грутчиња. Додајте 100 г ситно сечкано чоколадо и промешајте.

3.Со смесата наполнете хартиени корпички за мафини и одозгора посипете 50 г ситно сечкано орео-чоколадо. Печете 20-тина минути во загреана рерна на 200 степени. Постапката погледнете ја ОВДЕ.