По битолски се нарекува „Ѓурвалаци“, а по прилепски „Девет табани“…Пита за мерак, нема поубава…Оваа пита има ралични имиња, но најпозната е под името ДЕВЕТ ТАБАНИ.
Некои ја прават како едно цело парче и се нарекува „Пита – плик писмо“, а некои ја подготвуваат според истата постапка, но не во девет парчиња како што е интегрално, туку во четири или шест „табани“.
Како и да е, запишете си го овој рецепт кој ќе ве врати во детството, бидејќи сигурно и вашите баби или мајки ја приготвувале оваа многу вкусна пита.
Најчесто се филува со сирење, но може да се употреби и мелено месо или нешто зелено. Нашата членка Милица Цветкоска ја приготви питата и ја објави во групата НМД рецепти. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
850 г – 1 кг брашно или по потреба,
500 мл газирана вода на собна температура,
1 коцка свеж квасец (40 г),
1 супена лажица шеќер,
1 супена лажица сол,
2-3 супени лажици масло,
околу 300 мл масло за премачкување на корите.
ЗА ФИЛ:
250 г ситно сирење/урда,
300 г тврдо сирење,
3 јајца
ПОСТАПКАТА опишана во детали можете да ја прочитате ОВДЕ: