Плескавиците од стар леб имаат одличен вкус!
Потребни состојки:
10 парчиња леб (360 г)
320 мл ладно млеко
400 г кравјо сирење
сол по потреба
3 лажички црн ким
5 јајца со средна величина
Постапка:
Лебот издробете го подлабок сад, па полијте со млеко за убаво за да се натопи лебот. Млекото се дотура постепено, по потреба, во зависност од тоа колку лебот ќе впие. Лебот се меси со рака, да се добие смеса како тесто. Во оваа смеса се додаваат јајцата кои треба да бидат приближно пропорционални на количината тесто од леб.
Измешајте со виљушка за да се соединат јајцата со лебот. Потоа додадете ситно издробено сирење (кое најчесто се користи за пити). По потреба посолете и додадете црн ким или сусам или ленено семе, а доколку не сакате, не мора ништо да се стави. Се добива полутечна смеса.
Тавата со масло се загрева прво на најсилно, па потоа се намалува на умерена температура, па со лажица се вадат плескавици и се пржат во загреаното масло. Се пржат од двете страни додека да добијат убава златна боја. Пржените плескавици вадете ги врз хартиена салветка за да се исцеди вишокот маснотија.
Деталите погледнете ги во видеото: