I РЕЦЕПТ – Вкусна и лесна ПЛАЗМА ТОРТА со крем бананчиња која се приготвува за само 15 минути. 

Потребни состојки: 1 литар слатка павлака, 200 г шеќер во прав, 400 г кисела павлака. И ушпте ќе ви биде потребно: 300 г мелени плазма кекси, 8 исечкани крем бананчиња, 200 г еурокрем (нутела или некој друг лешников крем по ваш избор).

вкусна и лесна торта со крем бананчиња
ситно исечкајте ги крем бананчињата

Постапка: Пенасто изматете ја слатката павлака со шеќерот во прав додека да добиете шлаг, а потоа додадете ја киселата павлака и убаво заедно промешајте ги со лажица додека да се изедначат. Добиената смеса поделете ја на три еднакви делови во посебни садови.

распоредете ги слоевите на кремот
торта за 15 минути со крем бананчиња

Во едниот дел додадете мелена плазма, во вториот ситно сечканите крем бананчиња, а во третиот еурокрем. Сите три делови промешајте ги со лажица додека да се изедначат. Во обложен калап прво ставете ја смесата со плазмата, потоа смесата со крем бананчињата и на крај смесата со еурокремот. По желба тортата украсете ја со изматена слатка павлака. /Coolinarika.com

уживајте во вкусот

II РЕЦЕПТ – Плазма торта со крем бананчиња и јафа – едноставна, брза и вкуснаЕдноставна торта со одличен вкус. Децата ја обожуваат, а ја сакаат и возрасните. Во видеото не е нагласено, но најдобро е да се остави тортата преку ноќ во фрижидер да се стегне и убаво да излади. Рецепт и виудео презентација на „Да готвиме лесно“.

торта со крем бананчиња
торта со крем бананчиња

Потребни состојки: 125 г путер или маргарин, 50 г шеќер во прав, 300 г мелена плазма и 70 мл сок од портокал

За фил: 800 мл млеко, 3 пудинг од ванила, 4-5 лажици шеќер, 125 г путер или маргарин, 70-100 г шеќер во прав, 125 г шлаг пена, 200 г јафа кекси и 150 г крем банани

За декорација: малку чоколадо, 1 шлаг пена (40 г) по желба (колачот се приготвува во калап бр.22)

Кога ќе зоврие млекото додајте го разматениот пудинг и постојано мешајте додека да се згусне
мешајте постојано за да не ви загори
Сварениот пудинг тргнете го на страна, покријте го со проѕирна фолија и оставете го да излади

Постапка: Сварете го пудингот вообичаено: во малку млеко разматете го прашокот за пудинг, а остатокот задно со шеќерот ставете ги на оган. Кога ќе зоврие додајте го разматениот пудинг и постојано мешајте додека да се згусне. Сварениот пудинг тргнете го на страна, покријте го со проѕирна фолија и оставете го да излади.

во посебен сад пенасто изматете 125 г омекнат путер со 50 г шеќер во прав
додајте 300 г мелена плазма и промешајте со шпатула за да се изедначи во ровка смеса
замесете со раце, па полека додавајте го сокот од портокал додека да добиете компактна смеса

Пригответе ја кората/основата: во посебен сад пенасто изматете 125 г омекнат путер со 50 г шеќер во прав. Потоа додајте 300 г мелена плазма и промешајте со шпатула за да се изедначи во ровка смеса. Замесете со раце, па полека додавајте го сокот од портокал додека да добиете компактна смеса.

Смесата рамномерно распоредете ја во калап бр.22 намастен со путер на дното и обрачот или обложен со хартија за печење
Во посебен сад пенасто изматете 125 г путер со 70-100 г шеќер во прав
Изладениот пудинг изматете го, па во него постепено додавајте го изматениот путер и соединете ги во мазен крем
путерот додавајте го постепено, лажица по лажица

Смесата рамномерно распоредете ја во калап бр.22 намастен со путер на дното и обрачот или обложен со хартија за печење. Убаво израмнете и пртиснете со лажицата. Во посебен сад пенасто изматете 125 г путер со 70-100 г шеќер во прав. Изладениот пудинг изматете го, па во него постепено додавајте го изматениот путер и соединете ги во мазен крем.

За декорација изматете 150 г шлаг пена според упатството на кесичката
Филот поделете го на два еднакви делови и во секој додајте по две лажици од изматената шлаг пена
Промешајте за да се соединат
Во едниот дел додајте 200 г исечкани јафа (ресани)
а во другиот исечкани 8 крем бананчиња (15 г)
Соединете

За декорација изматете 150 г шлаг пена според упатството на кесичката. Филот поделете го на два еднакви делови и во секој додајте по две лажици од изматената шлаг пена. Промешајте за да се соединат. Во едниот дел додајте 200 г исечкани јафа (ресани), а во другиот исечкани 8 крем бананчиња (15 г). Соединете.

Врз кората распоредете го филот со јафа кексите и убаво израмнете за да нема воздушни џебови
Потоа нанесете го и вториот фил со крем банани и убаво израмнете
Најпосле премачкајте со шлаг

Редење: Врз кората распоредете го филот со јафа кексите и убаво израмнете за да нема воздушни џебови. Потоа нанесете го и вториот фил со крем банани и убаво израмнете. Најпосле премачкајте со шлаг.

израмнете и тортата оставете ја во фрижидер да отстои неколку часови

Доколку сакате, откако ќе ја изладите тортата и ќе го отстраните обрачот, премачкајте ја целата торта и од страните со уште еден изматен шлаг крем. Украсете по желба. Деталите од приготвувањето можее да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

уживајте во вкусот