Јагоди и плазма во совршена комбинација. Измати, измешај и олади. Освежителна сладолед торта. Можете да ја правите во каков облик сакате, а наместо јагоди може да употребите овошје по ваш вкус.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 400 г шлаг, 400 мл газирана вода, 360 мл кисела павлака, 100 г шеќер, 400 г мелен бисквит. ЗА ДЕКОРАЦИЈА: 2 шлаг пени, 250 мл вода, чоколадо
ПОСТАПКА: Шлагот изматете го со газираната вода. Во посебен сад измешајте ја киселата павлака со шеќерот додека тој да се растопи, па додајте во шлагот. Изматете кратко колку да се соедини.
Додајте мелена плазма и мешајте со лажица додека да се изедначи. Ставете четвртина или петтина од смесата на дното од обложен калап со флексибилен обрач, па израмнете. Наредете сечкани јагоди, а врз нив распоредете четвртина од смесата. Израмнете.
Постапката повторете додека да ви се потроши сиот материјал. Тортата оставете ја неколку аса да се олади во фрижидер или пократко во замрзнувач. Декорирајте со изматени шлаг пени и рендано чоколадо или по желба. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.